Директорот на Audi останува во притвор
Руперт Штадлер останува во затворот во Аузгбург, Баварија, откако судот ја одби неговата жалба за условно ослободување
Штадлер е лидер со највисок ранг од групата Volkswagen кој заврши зад решетки за скандалот Dieelgate од 2015 година Директорот беше уапсен во јуни во врска со истрагата за скандалот со лажирање на резултатите од емисиите на тестови.
По неговото апсење во јуни, од канцеларијата на обвинителот во Минхен соопштија дека судот наредил Штадлер да биде задржан во притвор, поради страв од сокривање на доказите и попречување на тековната истрага за дизел аферата на Volkswagen.
Проценките велат дека околу 11 милиони автомобили на брендовите кои работат во рамките на групацијата Volkswagen биле опремени со уред за лажирање на емисиите на издувни гасови.
Руперт Штадлер, шефот на Audi во меѓувреме е заменет со Бран Шот, научник, а како што дознава Automobilwoche, како трајно решение за позицијата на директор во компанијата ќе биде еден од сегашните лидери на BMW, Маркус Дусман кој ќе ја преземе функцијата од 1 јануари 2019 година.