Дигитална инструмент табла и за Škoda Octavia
На официјалната интернет страница на чешката Škoda се појави дигитална инструмент табла за моделот Octavia, каде како опција чини околу 350 евра
За разлика од сродните модели од VW групата, како што се Golf и Seat Leon, Škoda Octavia не доби дигитална инструмент табла при рестилизацијата. Сега, две години подоцна, оваа опција е вклучена во понудата за компактниот модел на чешкиот производител и според конфигураторот за Octavia чини 8.900 круни.
Веројатно Škoda оваа новина за својот најпродаван модел официјално ќе ја претстави на претстојниот саем во Женева, каде што ќе се одржи и премиерата на рестилизираната Fabia.
Дигиталната инструмент табла веќе е во понуда за купувачите на SUV моделот Karoq, а се очекува дека ќе биде вклученa и при рестилизацијата на Superb, оваа или следната година.