Овие девет луѓе слободно може да се каже дека ја обликуваа автомобилската индустрија на еден посебен начин

Традиционално, автомобилскиот дизајн каков што е познат денес датира некаде од околу 1920 година, кога на пазарот стапувале се повеќе различни брендови и модели на автомобили. Со цел да се подобри продажбата и да ги натера купувачите да се идентификуваат со ознаките на своите „миленици“, тогашниот менаџер на General Motors, Алфред Слоун предложил промени во дизајнот на возилата на годишно ниво.

Како што се случува со секоја голема идеја, и оваа брзо се ширела, се трансформирала, а наскоро стигнала и во Европа.

Од тие први денови на автомобилскиот дизајн, луѓето кои ги цртале автомобилите станаа икони, а понекогаш нивната слава можела да се спореди и со онаа на пејачите, па дури и фудбалерите.

Сега се поставуваат многу прашања. Кој меѓу нив има најмногу дизајни и кој има најголемо влијание врз другите, служејќи како инспирација за многу дизајнери од новата генерација?

Select Car Leasing, британска компанија која обезбедува финансиски услуги на автомобилскиот пазар, ги има одговорите.

Од овие деветмина избрани, дури четворица се Италијани, Батиста Фарина, Џорџето Џуџаро, Марчело Гандини и Валтер де Силва. Потоа следат двајца Американци: Крис Бенгл и Френк Стивенсон, еден Данец, Хенрик Фискер, еден Британец, Јан Калум и еден Јапонец, Широ Накамура.

Овие девет луѓе слободно може да се каже дека ја обликуваа автомобилската индустрија на еден посебен начин.