Детски автомобил со кој може да се провозите и на регуларен пат / ВИДЕО
Најмалиот автомобил во светот е значително помал од Smart, но овој автомобил претставува сосема нова димензија.
Бројни фанови на британскиот Top Gear веројатно сè уште ги паметат авантурите на Џереми Кларксон во Peel P50, познат и како најмалиот автомобил на светот. Во иста насока сега тргнал и британскиот Car Throttle, односно Џејмс, кој направил детски електричен автомобил со кој може да патува.
Преработката на Џејмс е тестирана од британскиот магазин и тоа во реални услови. И покрај тоа што има вистински гуми, светлосна сигнализација и сè што ви треба, возењето по вистински пат додека главата е на ниво на браник секако неможе да биде многу пријатно.
Сепак, овој автомобил е вистински феномен и предизвика интерес каде и да се појави. На почетокот познат како RiiRoo Super Sport XL, по што добил неколку пати помоќен мотор и диск сопирачки позади. Може да достигне до 35 км на час, а со полна батерија може да се поминат околу 6,5 километри.