Деби за првиот автомобил на Huawei
Huawei и официјално стана производител на автомобили, откако компанијата премиерно го претстави својот прв електричен автомобил, создаден во соработка со BAIC, на автосалонот во Шангај
Arcfox Alpha S е електричен автомобил чиј софтвер и хардвер се целосно дело на Huawei. Иако нема повеќе информации поврзани со BAIC, треба да се претпостави дека оваа компанија била одговорна за самиот процес на производство на возилото.
Како прво, Huawei и BAIC ќе понудат два различни модели, Alpha S и Alpha S HI, и двата достапни во основна и премиум конфигурација, така што клиентите ќе можат да избираат помеѓу четири модели.
Arcfox Alpha S ќе биде високо-технолошко спакувано возило, чие „срце“ ќе биде чипсетот Kirin 990A на Huawei. Затоа, не треба да изненадува 5G поддршката и присуството на оперативниот систем Harmony OS, кој првично замислен како алтернатива на Android, прераснува во комплетна платформа за скоро сè што произведува Huawei.
Очекувано, Huawei се фокусирал на синхронизација помеѓу автомобилот и паметниот телефон, така што Harmony OS обезбедува постојана комуникација, со помош на масивен 4K екран на предниот панел, преку кој корисниците можат да контролираат сè, од инфо-забава до автономно возење.
Секако, системот одговара и на гласовни команди, иако автомобилот поддржува и рачни команди, така што можете да „комуницирате“ со возилото без да го допирате.
Што се однесува до погонскиот систем, батеријата од 93,6 kWh треба да обезбеди опсег од 700 километри. Системот за брзо полнење е импресивен во најмала рака, бидејќи посветениот режим овозможува 200 километри возење за само 10 минути полнење.
Пакетот литиум-јонски батерии доаѓа со интелигентна контрола на температурата, така што, барем во теорија, сè е што е можно побезбедно, во смисла дека не може да има прегревање. Тоа е токму една од причините зошто полнењето е толку брзо. Достапна е и безжична варијанта, иако нема информации за тоа колку време е потребно да се наполни батеријата без кабел.
На режимот за автономно возење му помагаат интегрирани мапи, обезбедени од Huawei, иако досега беа поддржани само неколку кинески градови, вклучувајќи ги Пекинг, Шангај и Шенжен.
Моделот на Huawei во продажба ќе се најде подоцна оваа година, со почетна цена од 251.900 јуани или околу 32.000 евра, сè до 429.900 јуани или околу 55.000 евра за премиум верзијата HI.