Ford Evos, за кој се претпоставува дека е можната замена за моделот во заминување, Mondeo во Европа или Fusion во САД, премиерно е преставен на тековниот Салонот за автомобили во Шангај

Салонот за автомобили во Шангај е еден од ретките светски саемски настани што сепак се одржа и покрај светската пандемија. Токму затоа стана уште поважен, па многу светски производители побрзаа во Кина за да ги претстават своите новини на едно место, особено затоа што кинескиот пазар е од голема важност за сите нив.

Меѓу нив е и Ford, кој во Шангај изложи комплетно нов модел наречен Evos.

Станува збор за модел кој е тешко прецизно да го сместите во одреден автомобилски сегмент затоа што станува збор за мешавина од SUV, купе и караван модел, исто како и неодамна претставениот Citroen C5 X.

Воедно Evos е првиот Ford модел кој скоро целосно е развиен во Кина, каде првично и стартува со продажба.

Слично на Mustang Mach-E, Ford EVOS е опремен со целосно новата, Fully Networked Vehicle E/E архитектура, која поддржува динамични, безижично ажурирање на софтвер, како и „првиот виртуелен личен асистент“ на марката.

Погледот внатре открива дека и Ford подлегнал на трендот на огромни дигитални екрани на таблата. Дисплејот во Evos има ширина од дури 110 см комбинирајќи 12.3-инчи дигитален инструмент кластер со 27-инчен 4К инфо-забавен систен користејќи Ford’s SYNC+ 2.0.

Ford сè уште не објави повеќе детали за новиот модел, но се верува дека овој автомобил ќе пристигне во Европа како замена за Mondeo.

Кога станува збор за моторизација, се претпоставува дека Evos има plug-in хибриден погон, а наскоро се очекуваат повеќе информации во погонските системи.

Првично, клиентите ќе имаат пристап до верзијата 1st Edition со двобојно тело, како на фотографиите), за кое Ford наведува дека е опремено со 19-инчни алуминиумски тркала.