Во тие први денови, парите собрани од паркингот требало да бидат доволни само за да се покријат трошоците за инсталација и одржување на уредот

Еден студен ден во јануари 1935 година, во Оклахома Сити е воведено плаќање за паркирање. Самиот уред за наплата е наречен Park-O-Meter, а се што следи потоа е само историја. Веќе до 1941 година, наплатата за паркинг е проширена низ цела Америка, за потоа ова да биде прифатено и во Европа. 

„Наплатата за паркинг е најголемиот сообраќаен пронајдок уште од семафорите“, објавил магазинот California Law Review неколку години по неговото претставување во Оклахома Сити.

Веќе со првите паркинг зони во Америка, граѓаните почнаа да ги тужат градовите за казните за паркирање, но воглавно ги губеле случаите. Судовите утврдиле дека наплатата за паркинг е добар начин за регулирање на паркингот во големите градови или за намалување на застојот. Сега доаѓаме до најинтересниот дел: во тие рани денови, парите собрани од паркингот требало да бидат доволни само за да се покријат трошоците за инсталација и одржување на уредот. А денес? Денес тоа е сосема друга приказна… голем бизнис за градовите и операторите.