Дали знаете како се пресметува моќноста на моторот?
Од 2010 година, Европската унија има донесено регулатива според која моќта официјално се изразува во вати или киловати. Коњската сила може да се користи како дополнителна единица
Како да се дојде до овие вредности? Во метричкиот систем, потребно е да се помножи вртежниот момент (Nm) со брзината на вртежи на моторот (о/min) и тоа да се подели со константата 9.549. Резултатот е моќноста во киловати (kW). За да се добие вредноста во коњски сили, добиената вредност се множи со константата 1.35962.
Ознаката КС според германскиот стандард (DIN) се дефинира како сила што е потребна за да се подигне маса од 75 килограми (дејствувајќи со сила од 75 килопонди) до висина од 1 метар за време од 1 секунда.