Ако не се движи, а треба, тука е WD-40. Ако се движи, а не треба, тука е „селотејпот“.

„Вистинските” мајстори веруваат дека ова се сите потребни алатки што им се потребни

Кратенката WD е кратенка од Water Displacement или, наједноставно, отстранувач на вода. Бројот 40 означува формула, односно успех на формулата од 40-ти пат. Спојте ги двете и го имате WD-40, најпознатиот спреј во светот, клучна состојка во секоја мајсторска гаража и додаток за дома со алатот и останатите прирачни средства. Колку пати во зима сте прскале заледени брави во зима или сте го користеле тој ист WD-40 за да се борите против корозијата на делови од вашето возило?!

Формулата е креирана од Ајвер Норман Лосон во 1953 година за компанијата Rocket Chemical Company (подоцна WD-40 Company), и никогаш не била патентирана. Но, никој не ја открил нејзината тајна, се до денес. Се шпекулира дека спрејот е базиран на јаглеводороди, па дури и се споменува рибино масло во одредена доза.

Лосон ја продал својата формула на Rocket Chemical Company за само 500 долари, а претседателот на компанијата Норман Ларсен тогаш одлучил да го спакува производот во форма на спреј во препознатливите лимени кантички.

Спрејот е развиен по идеја на американскиот производител на авиони и ракети Convair со цел да ги заштити интерконтиненталните балистички проектили Atlas од ‘рѓа. WD-40 наскоро пронашол многу поширока примена, а United и Delta почнале да го користат како средство за подмачкување на подвижните и фиксираните делови на DC-8 и Boeing 720. Големата бара ја поминува во 1960 -тите, а почнале да го применуваат земјоделците за да ги заштитат своите машини. Се после тоа е само успешна приказна.