Дали следува ново поскапување на новите автомобили?!
Факт е дека сите суровини се многу поскапи!
Цената на челикот е повисока за 19% во однос на истиот период во 2020 година Алуминиумот е на највисоко ниво од 2011 …
Цените на сè растат, а малку по малку и на новите автомобили. Нема чипови, производството е далеку од оптимално, а побарувачката е голема. Но, автомобилите наскоро би можеле да поскапат и поради зголемените цени на суровините. Според Trading Economics, цените на суровините кои се користат во автомобилската индустрија пораснале ширум светот.
Цената на челикот е повисока за 19% во однос на истиот период во 2020 година. Алуминиумот е на највисоко ниво од 2011 година, а минатата година неговата цена пораснала за 36%, додека магнезиумот достигна рекордно ниво во септември и сега е речиси четири пати поскап од просекот во последните осум години.
Оловото остана стабилно во последните месеци, но неговата цена е повисока за 28% во последните 365 дена, додека паладиумот е двојно поскап од 2018 година, со просечна цена од над 2.000 долари за унца.
Титаниумот постигнува рекордни вредности од 2013 година. Родиумот е во пад, но останува најскапиот метал што се користи во автомобилите, со константа на вреднување од околу 14.000 долари за унца. Тука е и литиумот, кој се користи во електричните автомобили, а чија цена е зголемена за 400% споредено со последниот квартал на 2020 година.