Дали следи уште една криза? Поради високата цена на плинот, намалено производството на AdBlue за дизел возила!
Расте и цената на Adblue, а се проценува дека сегашните залихи ќе бидат доволни на среден рок
Поради недостаток на чипови е намалено производството на автомобили (некаде и стопирано), а развојот на настаните на светските пазари може да предизвика нови кризи. Поради високите цени на плинот, хемиската индустрија го намалува производството. Така, компанијата BASF го намалила производството на амонијак, клучна состојка на AdBlue, а истото е во најава и од германскиот SKW и многу други производители. Цената на плинот е толку висока што производството на AdBlue не се исплати.
Следствено, цената на Adblue расте, а се проценува дека сегашните залихи ќе бидат доволни на среден рок
Ако сè уште не знаете, растворот AdBlue се користи во дизел возилата (се вбризгува во SCR катализаторите во возилата и камионите со Euro 5 и Euro 6 спецификација од 2008 година) за намалување на емисиите на азотни оксиди. Автомобилите можат да работат и без него, но кај многу производители нема да стартуваат погонските единици ако резервоарот е празен. Дефинитивно, штети за моторот нема, дури и кога работи без AdBlue, освен што емисиите на азотни оксиди ќе бидат многу поголеми.