Дали електрификацијата ќе го „убие“ Smart?
Популарното градско мало возило на Daimler полни 20 години од почетокот на производството, но модерните трендови во автомобилската индустрија можеби наскоро ќе го пензионираат
Автомобилот со должина од само 2,5 метри било замислено како „автомобил на иднината“ уште во 1970-тите години, за првите скици да бидат направени во 1972 година. Дизајнерите со него се занимавале дури во следната деценија, а до купувачите стигнува дури во 1998 година.
Во меѓувреме, Daimler има продадено 2.2 милиони единици од Smart, кој освен во верзија двосед, доаѓа и во верзија со пет врати, а во моментов актуелна е третата генерација.
Сепак, Daimler одлучи во иднина да произведува само електричен Smart што може да се покаже како меч со две острици.
Имено, Daimler во САД до мај продал само 524 единици, и ако овој тренд продолжи, ова би можело да биде најлош резултат во историјата на компанијата во оваа земја.