Примената на оваа нова технологија резултирала со невидено намалување на времето потребно за полнење на електричните автомобили

Flow Boiling and Condensation

Технологијата на NASA развиена за мисии на Месечината и Марс се покажало дека може да наполни електрично возило за само пет минути со „ладење“ на топлината која ја создава проводникот низ кој минува струја.

Користејќи го Flow Boiling модулот на NASA како нацрт, истражувачите од Универзитетот Пердју, САД, драматично ја намалиle количината на топлина што патува низ жиците за да proтуркаат 1.400 ампери, единица електрична струја, низ каблите.

Ова е споредливо со 520 ампери кои ги испорачуваат најнапредните полначи. Бидејќи полнењето на најбрзите полначи може да потрае и до 20 минути, многу луѓе се одлучуваат да останат на страната на моторите со внатрешно согорување.

Но, овој нов систем ги полни електричните возилата речиси исто толку брзо колку што „пиштол“ ги полни со гориво автомобилите на бензински пумпи.

Оваа технологија би ја поздравиле држави како Калифорнија и Њујорк во САД, но и од сите други кои ја забрануваат продажбата на нови автомобили напојувани со внатрешно согорување до 2035 година.

Технологијата на NASA првично е развиена за Меѓународната вселенска станица, каде што е тестирана во микрогравитација за да се обезбеди нејзиниот успех во идните вселенски станици.

Идејата е дека орбиталната лабораторија и другите вселенски летала ќе имаат потреба од технологија што може ефикасно да пренесува топлина низ системите – во спротивно механиката би можела да изгори.

Flow Boiling and Condensation екперимент

Тоа го разбудило интересот на Исам Мудавар, професор по машинско инженерство на Универзитетот Пердју, кој во 2021 година конструирал прототип за кој минатиот вторник беше објавено дека ќе биде успешен во напојувањето на електрични возила.

Модулот исто така наликува на реална станица за полнење, бидејќи вклучува пумпа, цевка со ист дијаметар како и вистински кабел за полнење, исти контроли и инструменти, заедно со исти стапки на проток и температури.

„Примената на оваа нова технологија резултираше со невидено намалување на времето потребно за полнење електрични возила“, објави NASA.

Сепак, би можело да потрае некое време пред евентуалната примена во секојдневието …