Дали доаѓа крајот на употребата на кожа во автомобилите?
Mini објави дека нивниот следен нов модел нема да нуди ентериер изработен од вистинска, животинска кожа
Кај автомобилите, еколошкиот аргумент не е ограничен само на погонските агрегати и издувните гасови. Производителите се заинтересирани и за влијанието врз животната средина на материјалите кои ги користат при производството на возила, особено за тапацирање на седишта. Додека некои се префрлаат на рециклирана ткаенина, на пример Renault со Zoe, други одлучуваат да ја напуштат употребата на животинска кожа.
Тоа е она што го објави Mini преку зборовите на нивниот менаџер за дизајн Оливер Хајлмер. Тој во интервју за британскиот Autocar вели дека во Mini веруваат дека кожата не е материјал за одговорно користење и дека не е одржлив материјал за употреба во нивните автомобили. Сепак, тој е високо ценет и популарен додаток. 54% од продадените Mini возила во Велика Британија во 2020 година имале кожа во салонот.
Оливер Хајлмер не е загрижен: „Убедени сме дека ќе имаме модерни производи со висока вредност и без кожа“.
Пристапот треба да се рефлектира на нова генерација клиенти кои се почувствителни на животната средина и заштитата на животните. Покрај тоа, трендот без кожа започнува прво со електричните возила. Покрај рециклираниот пластичен тапацир, новиот електричен Fiat 500 ја заменува вистинската кожа со материјал наречен еко-кожа… што е шик начин да се каже скај или имитација на кожа.
Важно е да се задржи изгледот на кожата што остава впечаток на луксуз. Најнапредниот производител во оваа област е Tesla. Од 2019 година, најпродаваниот модел, Model 3, е загарантирано без животинска кожа. Од своето раѓање, моделот не го користи овој материјал за своите седишта, освен што е имплементиран на воланот. Идентична е приказната и за Model Y. Во прашање е напуштање што овозможува на Tesla да го потенцира трендовскиот збор: веган.
Несомнено, по електричната енергија, отстранувањето на кожата ќе стане широко распространето во автомобилската индустрија, особено затоа што тоа е прилично лесен гест и со големо симболично значење, што потсетува на напуштањето на животинско крзно од неколку големи имиња во модата.
Токму затоа, Mini е еден од првите што сака да ги прифати новите треднови и новата мода, дури и ако марката очигледно сè уште не е подготвена: рестилизираниот Cooper, претставен минатата недела, доби нов управувач облечен во кожа!