Дека се понесигурни вели Иан Џек, од Канадската автомобилска асоцијација, кој планира да започне кампања за предупредување

Мора да признаеме дека на сите ни се има случено барем за момент да ни биде одвлечено вниманието гледајќи во телефонот, радиото или системот за навигација во автомобилот кога требало да гледаме во патот пред нас.

Можеби некои од вас не ја вратиле концентрацијата на време, и иако тоа на крајот на денот сепак е ваша вина, може слободно да се каже дека производителите на автомобили воопшто не помагаат.

Напротив, експертите за безбедност велат дека автомобилската индустрија ни го олеснува одвлекувањето на вниманието со ставање на се пософистицирана технологија во нашите автомобили што го преоптоварува нашиот мозок со информации и забава токму тогаш кога треба да се фокусираме на заштита на себе и на другите.

„Ова е сè поголем проблем“, вели Иан Џек, шеф за јавни односи во Канадската автомобилска асоцијација, кој планира да започне кампања за предупредување за попречено возење. „Станува сè поголем предизвик за луѓето да управуваат со овие работи во нивното возило.

Независни тестови покажуваат дека дури и активностите како што се јадењето и разговорот со сопатникот може да го одвлечат вниманието на возачот доволно за да ја нарушат неговата способност да препознава и реагира на опасните ситуации. Но, CAA е особено загрижена за вградувањето на пософистицирани инфозабавни системи во автомобилите, што кулминираше во декември 2021 година, откако Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) започна официјална истрага за видео игрите во автомобилите на Tesla.

Студија на Универзитетот во Јута и AAA Foundation for Traffic Safety покажува дека управувањето со инфозабавните системи во модерните автомобили поставува толку големо барање кај возачот што некои задачи може да потраат повеќе од 48 секунди. Не е ни чудо што канадската фондација за истражување на сообраќајни повреди во студија од 2018 година тврди дека една од четири фатални несреќи може да биде поврзана со нарушено возење, што е приближно исто како и возење под дејство на алкохол.

Се чини дека проблемот е што количината на информации и технологија вградени во нашите автомобили едноставно не е во согласност со автономната технологија што ни е потребна за да можеме безбедно да ја користиме.

Mercedes неодамна се најде на насловните страници кога S-класата стана првиот автомобил во светот со вистинска автономија од Ниво 3. И иако тоа звучи одлично за насловните страници, вистина е дека Drive Pilot работи само на автопат, со брзина до 59 km/h.

Во исто време, збунувачките маркетиншки пораки на многу производители, особено на Tesla, ги принудуваат возачите да веруваат дека нивните автомобили со прилично основни автономни системи се многу поспособни отколку што всушност се, што ги прави возачите помалку внимателни додека се зад воланот …