Најголемите автомобилски брендови се основани во Германија, Јапонија, Јужна Кореја, САД, Шведска, Италија, Велика Британија, Франција и Кина, но тие не се единствените земји во кои се произведуваат лесни автомобили. Постојат многу модели кои се склопуваат на места кои не ги очекувате

Во продолжение една мала листа која покажува што носи глобализацијата.

Jeep Renegade – Италија

За време на Втората светска војна, Jeep учествувал во десантот на американските војници во Италија. Сега еден од моделите на брендот се произведува токму во оваа земја, бидејќи користи платформа од локалниот Fiat 500X.

Porsche Cayenne – Словачка

Претходната генерација на кросоверот делумно се произведуваше во фабриката на VW Group во Братислава, за потоа да биде испраќан во Лајпциг за последната фаза од производство. Тековниот Cayenne целосно се произведува во Словачка.

Ford EcoSport – Индија / Романија

Малиот кросовер на Ford првично се произведуваше во Индија, а по промената на генерацијата, производството на неговата европска верзија беше преместено во Романија. Постои и варијанта за Русија, која се произведува во во Naberezhnye Chelny, вториот по големина град во Република Татарстан, Русија.

Cadillac CT6 Hybrid – Кина

Во овој случај, интересно е што бензинската верзија на седанот се произведува во Детроит, но затоа хибридот се составува во Кина, и покрај фактот дека е достапен и на други пазари на глобално ниво.

Toyota C-HR – Турција

Не е тајна дека Toyota некои од своите модели ги произведува во САД, а продолжува да произведува автомобили и во Јапонија. Сепак, моделот C-HR се составува само во Турција.

Audi Q3 – Шпанија

Шпанската „ќерка“ на VW Group, Seat, има фабрика во Марторел, каде што се произведуваат повеќето од неговите модели. Во оваа фабрика до минатото лето се составуваше и Audi Q3, а сега се произведува Audi A1 Sportback.

Jaguar E-Pace / I-Pace – Австрија

Понекогаш автомобилите ги исцрпуваат производствените капацитети на сопствените фабрики и затоа се свртуваат кон подизведувачи. Ова особено се однесува на двата нови кросовери на Jaguar и фабриката Magna Steyr во Австрија.

Mini Countryman – Холандија

Ако ве прашаат „Кој автомобил се произведува во Холандија?“, веројатно ќе помислите на Spyker. Во земјата на лалињата со составува и Mini Countryman, a причината е иста како и со Jaguar – Mini нема ресурсi за да го прави во Велика Британија.

Mitsubishi L200 – Тајланд

Производството на автомобили во Југоисточна Азија е широко распространето, но тоа не е наменето само за локалните пазари. Некои модели патуваат долг пат до новите сопственици, а еден од нив е моделот L200.

Dodge Challenger – Канада

Да, еден од „најбруталните“ американски автомобили со мотор V8 е всушност направен во Канада. Ова исто така важи и за Hellcat и Demon, како и за Dodge Charger и Chrysler 300.

Mercedes GLC – Финска

Побарувачката за GLC е толку голема што Mercedes мораше да го прошири своето производство и надвор од Германија. Така овој модел покрај во фабриката во Бремен се склопува и во фабриката на Valmet Automotive во Финска. Во овој погон низ годините се произведувале и Porsche Boxster / Cayman, Fisker Karma и разни Saab модели.

BMW X5 и X6 – САД

Не е тајна дека голем дел од BMW кросовер моделите се произведува во САД. Во основа, станува збор за големите X5, X6 и новиот X7. Сите се произведуваат во фабриката во Јужна Каролина.

Honda Civic (hatchback) – Велика Британија

Купе и седан верзиите се склопуваат во Индијана, САД или Канада, а хечбек варијатната (вклучувајќи го тука и Type R) во Велика Британија. Ова се должи на големата популарност на моделите во оваа класа во Европа. За жал, Honda наскоро го затворa своjoт погон во Свиндон.