Европската унија ги одобри плановите на Daimler и BMW во врска со нивното здружување со цел основање на заеднички „car sharing“ проект, но под одредени услови

Според договорот кој вклучува краткорочно изнајмување на возила во рамките на платформите Car2Go и DriveNow, како и услуги од типот „возење по повик“, Daimler и BMW ќе поседуваат по 50% од акциите во ова заедничко вложување.

Германските премиум производители понудиле концесии во врска со загриженоста на европските антимонополски власти во настојувањето што поквалитетно да се спротивстават на американскиот Uber и кинескиот Didi Chuxingu.
Европската комисијa утврдила дека договорот би предизвикал дополнителна загриженост во врска со конкурентноста кај слободните „car sharing“ сервиси во Берлин, Келн, Дизелдорф, Хамбург, Минхен и Виена. Токму затоа Daimler и BMW се согласиле да воведат правни пакети во овие шест градови.

„Оваа посветеност за решавање на проблемот во целост се однесува на загриженоста на комисијата, бидејќи ќе се намалат бариерите за влез помеѓу слободните „car sharing“ провајдери, објави Европската комисија. „Поради оваа причина, Комисијата заклучи дека предложената трансакција, модифицирана со обврзувачките ставки, нема да предизвика дополнителна загриженост во врска со монополот. Одлуката на Комисијата е условена, бидејќи подразбира целосна усогласеност со обврските“.