Daimler: фалсификуваните делови за автомобили стануваат попрофитабилен бизнис од дрогата
Бројни производители на автомобили се соочуваат со проблемот под име недостаток на делови, но пазарот на фалсификувани автомобилски делови цвета
Имено, според шефот на одделот за легални производи и интелектуална сопственост на Daimler, минатата година биле запленети повеќе од 1,7 милиони фалсификувани производи, додека Daimler иницирал или поддржал повеќе од 500 рации.
Ова е мало зголемување со текот на годините и изненадувачки е што многу рации се одложени поради привремено затворените судови. Сепак, Daimler има објаснување и за ова – бидејќи светот е погоден од пандемијата со коронавирус, продажбата на фалсификувани делови преку Интернет добива на значење. Компанијата успеала да отстрани 138.000 фалсификувани производи од мрежата.
Daimler најголемо внимание посветил на фалсификуваните производи кои влијаат на безбедноста на возилата, како што се дисковите за сопирачки и фелните. Иако овие производи често изгледаат легитимно и тешко е да се препознае разликата, нивниот квалитет е значително помал од оригиналните производи.
„Тие не ги исполнуваат ниту минималните законски стандарди“, додаваат од Daimler.
Тестирани се неколку фалсификувани производи, при што автомобилот со лажните делови на системот за сопирање има значително подолга крива на запирање. Покрај тоа, деловите покажале пообемно абење во тестот за отпорност.
Unifab Trade Association истакнува дека фалсификуваните делови често остваруваат поголем профит од наркотиците.
„Најдобар начин да ги избегнете е да користите здрав разум и да купите делови од овластени дилери или реномирани компании. Најдобар показател се цените што честопати изгледаат толку добри што не се вистинити.