Производителот на автомобили Daimler AG денес официјално ќе се збогува со своето поранешно име на компанија и отсега ќе се нарекува Mercedes-Benz Group AG

Производителот на автомобили Daimler AG денес официјално се збогува со своето поранешно име на компанија и отсега ќе се нарекува Mercedes-Benz Group AG.

По успешното берзанско деби на Daimler Truck, обновениот фокус на Групацијата на автомобилскиот бизнис е подвлечен со ново име. Светски познатиот бренд Mercedes-Benz е создаден во 1926 година кога претходните компании на Карл Бенц и Готлиб Дајмлер се споени со цел да се револуционизира производството на автомобили. Двајцата пионери веќе ги имале претставено своите револуционерни пронајдоци независно еден од друг во 1886 година, најавувајќи го почетокот на автомобилската ера. 

Во насока на преименувањето на Daimler AG во Mercedes-Benz Group AG, берзанскиот симбол на компанијата исто така се менува од »DAI« во »MBG«