Големо парче земја на која се паркирани сите ваши омилени луксузни возила … Звучи како остварување на вашиот сон?

За жал, станува збор за нешто сосема друго – ова се гробишта за луксузни автомобили во Обединетите Арапски Емирати, каде што ќе видите многу модели на Bentley и Ferrari. Гробиштата се наоѓаат во Шарјах, а на нив се паркирани возила кои се оставени од нивните сопственици. Претпоставките се  дека тие некогаш биле „успешни“ бизнисмени кои наишле на пречки во својот пат и не успеале да ги разрешат, па затоа избегале од земјата за да ги избегнат строгите законите за задолжување.

Многу модели кои се тука, се пропаднати со текот на времето, но, може да се видат и автомобили, кои се практично нови и би можеле да достигнат милионски суми кога би се препродадавале. Во возниот парк на луксузни возила, може да се видат модели на Mercedes, Buick и Lamborghini, како и многу луксузни верзии на модели на Bentley и Rolls-Royce.

Човекот кој го има направено видеото, Мошин Латиф, смета дека ова е едно од најголемите гробишта од овој тип во ОАЕ. Коментирајќи во врска со сцената која може да се види, тој вели: 

„Автомобили од Ferrari, Rolls Royce, Bentley, Lamobrghini, Range Rover, Mercedes, BMW, Audi, Mustang… што и да посакате, има голема веројатност да го најдете овде. Верувам дека ова е најголемиот автоматски отпад во Обединетите Арапски Емирати, бидејќи не сум видел ниту еден поголем. Луѓето од различни земји доаѓаат тука за да купат користени делови по неверојатно ниски цени“.

Погледнете го видеото.

https://youtu.be/bVZNOEkhbS0