Commodore 64 се враќа во мини верзија
Commodore 64 или нагалено „дебелкото“ е легендарен домашен компјутер претставен во 1980-тите
Во текот на долгиот период на своето постоење, Commodore 64 беше продаден во повеќе од 20 милиони примероци, што го прави и ден денес најпродаван РС на сите времиња и со специјално место во срцето на некои од постарите гејмери.
Носталгичарите од Retro Games и Koch Media ни го носат THEC64 MINI компјутерот, за половина помал од оригиналниот, но подеднакво верно креиран.
Овој систем има и две USB порти и џојстик, а бидејќи живееме во модерно време, поврзувањето со телевизорот е преку HDMI.
Сликата на екранот е во формат 4:3, со CRT филтер и графика Pixel Perfect.
Видео игри овде не се проблем, бидејќи C64 Mini доаѓа со дури 64 вградени игри како Nebulus, Paradroid, Hawkeye Uridium и многу повеќе.
Мини конзолата ќе се продава по цена од 80 евра, а можеме да ја очекуваме во наредниот период.