Една петтина од жителите на градот кои гласаа за излез од ЕУ, може да останат без работа

Првиот драматичен ефект на Brexit врз британската индустрија веќе е факт: Honda официјално објави дека ќе ја затвори својата фабрика во Свиндон во 2022 година. Директно, 3500 работници се известени за одлуката ова утро.

Над 90% од производството во Свиндон е за извоз. Нејаснотиите околу Brexit и дали Велика Британија воопшто ќе има трговски договори со ЕУ и САД се чини одиграле основа улога за одлуката на Јапонците, се коментарите на Островот.

Фабриката во Свиндон, каде се произведува Civic, е најголемата фабрика на јапонската компанија во Европа и единствената во која се прават автомобили (другата фабрика во Аалст, Белгија, произведува само компоненти). Годишниот капацитет на фабриката е 160.000 возила, од кои над 90% се наменети за изоз.

Во официјалното соопштение Јапонците цитираат „предизвиците на електрификацијата“ и потребата „да се фокусираме активностите во региони каде очекуваме добри производствени резултати“. Зборот Brexit не се споменува, но уште минатата година претставници на компанијата ја предупредија премиерката Тереза ​​Меј дека при Brexit без јасен трговски договор со ЕУ не може да гарантира опстанокот на фабриката.

Засега нема официјален коментар од Даунинг стрит. Министерот за бизнис Грег Кларк вели дека е разочаран од одлуката, бидејќи Велика Британија била „еден од лидерите во развојот на овие технологии“ (веројатно станува збор за електромобилите). „Ова е катастрофална одлука за Свиндон и за земјата … Комерцијална одлука заснована на сеуште невидени промени на светските пазари“, додава Кларк.

За Свиндон, кој брои 180 илјади жители, затворањето на најголемата фабрика во областа ќе биде тежок удар – според некои пресметки речиси една петтина од населението се потпира директно или индиректно на Honda. Парадоксално, но на референдумот пред две години, скоро 55 отсто од граѓаните гласале за Brexit.

Фабриката ќе продолжи да работи до најмалку 2021 односно до крајот на животниот век на сегашната генерација на Civic. Дотогаш, компанијата не предвидува отпуштања.

Како и да е, оваа одлука покренува интересни прашања за првите луѓе на Honda – дали да размислат за друга производствена база во ЕУ, или да се потпираат на увоз. Со неодамна ратификуваниот трговски договор меѓу ЕУ и Јапонија постепено ќе се укинат царините за автомобилите до 2025