Marvel, Nixon i BAIT претставуваат лимитирано издание од часовникот Black Panther 51-30

Конечно на големиот екран пристигна долго очекуваниот крал, Црниот Пантер, а со него и лимитиранaта серија на часовник, кој е дизајниран за да ја „емитува силата“ на суперхеројот од кого е инспириран, исто како и неговиот интелект и рефлекси.

Црниот Пантер (Black Panther) е Марвелов стрип херој чија сила, интелект и моќ биле инспирација за првите луѓе на компанијата Nixon, веќе позната по соработката со голем број на уметници и изданија на часовници како Star Wars, Santa Cruz, Amuse и многу други …

Со светската премиера на филмот, кој во моментов ги руши сите рекорди на гледанот, Black Panther, екранизиран стрип херој чие вистинско име е T’Challa, црниот принц на измисленото кралство Ваканда Н’Џобуа, сега добива и часовник кој и со изгледот и со моќните перформанси го одразува главниот лик толкуван од актерот Чедвик Бозмен.

Часовникот инспириран од кралот на Vakanda е моделот 51-30 кој е изработен во црна мат боја со полирана сребрена завршница која го претставува оклопот на Црниот Пантер. Часовникот поседува и високо исполиран прстен и индекси инспирирани од неговиот оклоп. Изгравираниот бројчаник на часовникот и ременот, исто така, потсетуваат на отпорниот вибраниум костим кој го носи Црниот Пантер.

Се разбира дека не се може без симболот на Црниот Пантер кој е сместен во позицијата 12, а тука се и текстуриртаните централни карики, високо полираните челични канџи и задната страна на куќиштето со ликот на Црниот Пантер.

На задната страна од куќиштето се изгравирани и сериски броеви од 1 до 100. Часовникот е водоотпорен до длабочина од 300 метри, а до секој клиент доаѓа во специјално произведена дрвена кутија со црна сатенска завршна обработка и полирано сребро, а на капакот е поставена икона од Марвеловиот Црн Пантер.

Часовникот Nixon x Black Panther 51-30 е ограничен на серија од само 100 примероци, достапен не само во регуларна продажба, туку и онлајн, преку интернет продажба на сајтот Bait по цена од 500 американски долари.