Plug-in хибридните автомобили дефинитивно се наметнаа како најлогичен избор што се однесува до хибридите, како чекор кон премин од автомобили управувани од мотор со внатрешно согорување кон електричните возила

Според проценката на веб-страницата InsideEVs, во моментов по патиштата на глобално ниво крстосуваат над 3 милиони plug-in хибридни возила. Веб страницата наведува дека само минатата, односно 2017 година, биле продадени повеќе од еден милион од овој тип на возила. InsideEVs, исто така, тврди дека продажбата на нови plug-in хибриди во тековната година ќе надмине 1,7 милиони единици.

Несомнено е дека plug-in моделите со зголемената популаризација на електричните автомобили и демонизацијата на дизел агрегатите ќе станат порационално купување. Ако се земе во предвид најавата на неколку големи светски градови за забрана, прво на дизел моторите, а потоа и на бензинските, сосема е јасно е дека традиционалните автомобили се потешко ќе се позиционираат на пазарот.

Според достапните информации, најпродаваниот plug-in хибрид во светот во моментов е Nissan Leaf. Во моментов, по патиштата низ целиот свет крстарат повеќе од 300.000 единици од овој модел што е 10% од вкупниот број на хибриди во светот.