Morgan продолжува да ја негува 113-годишната традиција на забавни автомобили на три тркала, со две седишта и без покрив

Десет години, од 2011 до 2021 година, Британците го забавуваа светот на автомобилските ентузијасти со симпатичниот модел 3 Wheeler, мал автомобил со три тркала и две седишта без покрив. И тоа не беше единствениот таков автомобил кој излегол од Малверн, мал град во англиската провинција Ворчестершир, седиште на познатата, сè уште жива фабрика за автомобили Morgan.

Веќе 113 години, компанијата рачно произведува забавни автомобили од овој тип, а за тоа време има голем број модели ориентирани кон чисто, пуристичко уживање во возењето. Без или речиси без електроника.

Рецептот отсекогаш бил ист: доволно силен мотор и погон на задните тркала во автомобилите долги околу три и пол метри и високи едвај малку повеќе од еден метар, со тежина од само неколку килограми повеќе од половина тон.

Сега доаѓа нов модел, наречен Super 3. Наследникот на 3 Wheeler, исто така, се потпира на концептот на Morgan на три тркала, каде централниот дел е возачот кој седи ниско како во болид и километрите низ природата ги ниже во винтиџ стил.

Покривот не е достапен како опција, сите материјали се водоотпорни, двете мини ветробрански стакла се многу повеќе декорација отколку корисна заштита од ветер, па синергијата со природата и околината е комплетна. Димензии? Необично. Super 3 е долг само 3,58 метри, но прилично широк 1,85 метри и низок колку Formula – 1,18 метри.

Дизајнот на предниот дел има елементи приспособени од различни модели на Morgan, додека задниот дел го краси традиционалната Morgan форма на голем кајак.

Всушност, постојат многу специфични инженерски решенија поврзани со Super 3, од надградена, многу цврста алуминиумска монокок платформа, преку pull-rod суспензија слична на Formula 1 до модифициран мануелен менувач со пет брзини на Mazda, од MX-5 родстер.

Има многу такви помали или поголеми специфични технички детали, но и материјали, дизајнирани специјално за Super 3. Моторот е прилагоден Ford атмосферски 3-цилиндeрски 1.5 бензинец со 118 КС и 150 Nm вртежен момент, доволно силен за автомобилот со тежина од 635 килограми да забрза за 7 секунди до стотка и да постигне крајна брзина од 209 km/h.

Важен фактор за стабилноста, со оглед на погонот на задните тркала и едното задно тркало, е дополнителната задна триаголна рамка на подвозјето. Опции има над 200, вклучително и носачи за багаж, така што цената на основната верзија може лесно да се искачи до небо.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1INYJ5RTsBtgPrL64uy7slthZmLiOFB-x” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Сигурно ова чудо би претставувало лудо искуство. Во родната Англија, основната верзија чини 43.165 фунти (нешто над 52.000 евра).