Brexit има катастрофални последици за британската автомобилска индустрија
Во првите шест месеци од оваа година, на Островот се произведени 20,1% помалку возила отколку во истиот период минатата година
До јуни, Британците произвеле 666.521 автомобили, што е значително полош резултат од минатата година (834.573 возила). Со падот на производството, јуни е 13-ти месец по ред во кој британската автомобилска индустрија бележи пад.
Како главна причина за намалениот обем на производство се наведува Brexit, но и лошите меѓународни односи и пазарните „игри“ помеѓу САД и Кина.
Прогнозите велат дека оваа година во Велика Британија ќе бидат произведени вкупно 1,37 милиони возила, а конечниот индекс на крајот ќе покаже пад од 15% во однос на минатата година.
За жал, експертите велат дека најцрното допрва ќе дојде. Компанијата Auto Analysis предвидува дека производството на автомобили ќе падне на нивото од осумдесетите, освен ако не се постигне договор за слободна трговија со ЕУ. Преведено тоа значи околу еден милион автомобили на годишно ниво.