Bosch отвори фабрика за производство на чипови, вредна една милијарда евра
Фабриката ќе помогне да се задоволи зголемената побарувачка за полупроводници во автомобилската индустрија
Поради глобалниот недостиг на полупроводници, водечките автомобилски компании како Volkswagen и BMW се принудени да го запрат производството на возила во последните месеци.
„Стагнацијата на пазарот на полупроводници го попречи закрепнувањето на економијата по кризата со коронавирусот“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на церемонијата на отворањето.
Во видеоврската од Берлин, таа порача дека компјутерските чипови ја замениле нафтата како „животна крв“ на економијата.
Bosch, кој е водечки снабдувач во автомобилската индустрија, изјави дека фабриката претставува најголема единeчна инвестиција во 130-годишната историја на компанијата. Во фабриката ќе се вработат 700 лица и ќе се произведуваат силиконски плочи со десетици илјади чипови кои ќе контролираат воздушни перничиња, системи за контрола на сопирање и паркирање и многу повеќе.