Како се наближува дебито на BMW Серија 8, така се појавуваат се повеќе и повеќе шпионски, но и официјални фотографии

Единственото нешто што останува е конечно и целосно симнување на превезот од моделот кој автомобилската јавност нетрпеливо го очекува.

Конечно има официјален тизер, а на Facebook страницата на фановите на BMW е поставен и видео клип на автомобилот во акција, секако камуфлиран. Она што се знае е дека новата „осмица“ ќе биде лансиран оваа година.

Всушност, постои веројатност дека новата Серија 8 нема да ја видиме за неколку месеци или недели, туку веќе оваа недела. Во декември минатата година, BMW најави дека спортската верзија ќе се натпреварува во трката на издржливост Rolex 24 во Daytona, а новиот прес-материјал тоа и го докажува.

Значи, BMW M8 GTE официјално ќе дебитира овој викенд во Флорида. Покрај тоа, BMW, исто така, го најави лансирањето на сериски М8 оваа година, а познато е дека перформантните модели од Минхен обично доаѓаат неколку месеци по конвенционалниот модел, кој во овој случај е веројатно 850i.

Сеуште не се знаат точните детали за моќноста, но во комбинација е 4.4-литарски V8 битурбо од М5. Доколку биде задржана номенклатурата на Серија 7, 850i пор хаубата ќе поседува V8, а 860i V12 мотор.