Блесок на Koenigsegg Jesko на швајцарските Алпи / ФОТО
Шведскиот производител на суперавтомобили Koenigsegg објави спектакуларни фотографии од својот нов модел Jesko
Jesko блеска како фотомодел на фото сесија во Швајцарија, кои кога ќе ги видите се прашувате што е подобро – автомобилот или околината?
Наследникот на Agere RS се придвижува со 5.0-литарски twin-turbo V8 со 1.280 КС за бензинската и 1.600 КС за етанол Е85 верзијата.
Koenigsegg до премиерата во Женева минатиот месец продал 83 примероци од Jeskо, а останатите 42 примероци од 125 единици сеуште не се направени.
Веќе се планирана и посилна верзија – Jesko 300, којa наводно ќе развива најмногу до 483 km/h.