Бизарно „корона правило“: Девојка паднала на возачки испит, а воопшто и не го стартувала автомобил
„Ќерка ми дојде дома скршена и плачеше, а кога ми ја кажа причината за падот полудев“
Бизарна приказна доаѓа од Блекпул, Велика Британија, каде 17-годишна девојка паднала на возачки испит без воопшто да го стартува автомобилот. Големата неправда ја открил таткото на девојчето, Пол Тарнер, во интервју за британските медиуми.
„Ќерка ми дојде дома скршена и плачеше затоа што паднала на возачкиот испит. Отпрвин мислев дека нешто згрешила, но кога ми ја кажа причината за падот, полудев“.
Девојката не добила можност ниту да го покаже своето знаење бидејќи испитувачот одбил да влезе во „валканиот“ автомобил.
„Испитувачот не сакаше да влезе во автомобилот бидејќи забележа делови од гума на подот. Да, таа паднала на испитот поради трагите од гума!’
Пол Тарнер, таткото на девојчето
Проблемот е што спорниот автомобил воопшто не бил нејзин туку од инструкторот од автошколата. Целата фарса траела 10 минути, по што девојката ја испратиле дома.
„Ова е голема неправда, моментално има листа на чекање од четири до пет месеци, што значи дека нема да добие нова можност да полага пред летото. Живееме далеку од градот каде што автобуските линии не се многу чести, а бидејќи таа само што го заврши училиштето, шансите за работа ќе и бидат многу ограничени“, заклучува Пол.
Испитувачот тврди дека ја соборил девојката поради мерките за заштита од Ковид и дека поради тоа не сакал да влезе во валканиот автомобил.
Официјални лица од британската агенција The Driver and Vehicle Standards (DVSA) исто така се обиделе да го објаснат случајот: Не сакаме да коментираме за конкретниот случај, но правилата се јасни. Сите мора да ги следат мерките против коронавирусот. Автомобилите мора да бидат чисти.
Уште полошо, на девојката не и се вратени парите.