
Битка со природата: Porsche Taycan Sport Turismo во снежна бура. На крајот… / ВИДЕО
Иако било најавено дека временските услови нема да бидат погодни за снимање, очигледно не се размислувало многу за тоа или пак можеби намерно се игнорирало…
Тестирањето на нов автомобил на висок планински пат во зима звучи како идеален тест за способноста на едно возило, се додека не се заглави во снежна бура откако ќе се остане подолго отколку што треба.
Ова всушност се случува почесто отколку што мислите, но обично во такви ситуации снимањето се прекинува. Не и во овој случај …
Рори Рид од AutoTrader вели дека планирале да снимаат рецензија за Porsche Taycan Sport Tourismо на добро познат планински пат во Германија, но не посветиле премногу внимание на временската прогноза. Иако било најавено дека временските услови нема да бидат погодни за снимање, очигледно не се размислувало многу за тоа или пак можеби намерно се игнорирало, надевајќи се дека видеото ќе биде уште подобро…
На видеото се гледа Taycan Sport Turismо во најмоќното Тurbo S издание кое во еден момент заглавува на пат целосно покриен со снег.
Рори смета дека ова е одлично време да се покаже внатрешноста на автомобилот, а снегот брзо се акумулира околу автомобилот. Во еден момент Рори сфаќа дека е дојден момент да се притисне SOS копчето за да ја повика локалната германска служба за итни случаи, која на крајот се појавила заедно со чистач за снег.
На Рори многу му се допаднал Sport Turismo, иако признава дека ова можеби не било најсоодветното место за снимање на неговите способности.