Не се ни сомневаме дека некои од избраните модели, но и самите коментари ќе предизвикаат лавина реакции

Џереми Кларксон, некогаш познатиот британски водител на Top Gear, подоцна и на The Grand Tour, ги избра најдобрите и најлошите автомобили во 2021 година. Списокот на тестирани автомобили го коментира во негов познат стил, без ракавици и одбрани дипломатски зборови. Не се ни сомневаме дека некои од избраните модели, но и самите коментари ќе предизвикаат лавина реакции.


Ова се најлошите автомобили за 2021 година:

1. Genesis GV80

Корејскиот теренец особено го изнервирал поради ужасната електроника: „Постојано ги исклучував системите за асистенција бидејќи не ги препознаваат добро тесните патишта и не го држат автомобилот во лента, а особено ме нервираше тоа што дури и во Comfort режим овој автомобил изгледа како авион во тропска бура. Се ниша дури и на мазен асфалт. Тоа не е најнепријатниот автомобил што сум го возел, но е многу блиску.“

2. Jeep Renegade Trailhawk 4xe

Добриот и цврст изглед на Renegade не е придружен со вистински теренски способности: Jeep ја дели основата со Fiat 500X, бучно е, моторот е груб, а менувачот збунет.

3. Cupra Formentor

Еден од главните новитети на годината, кој измами широка насмевка на лицето на челниците на Cupra, не ги воодушевил Британците: и Кларксон. „Ми се допаѓаат изгледот и перформансите, но автомобилот е досаден, особено внатрешноста и инфозабавниот систем. “

4. Mercedes S-класа

Mercedes С-класата е еден од најнапредните автомобили во светот, но Кларксон сепак има причини за „омраза“: „Тоа е колаж од електронски глупости, има премногу екрани, премногу менија, а гласовните функции не разбраа многу од тоа што прашав. Многу брзо развив омраза кон германскиот автомобил“.

5. Land Rover Defender

Искуството на Кларксон со новиот Defender исто така не е добро. Визуелно, дури и му се допаднал, но наоѓа многу недостатоци во него, од страничното отворање на задната врата до премногу пластика во патничкиот простор: „Да беше мој, ќе се ослободев од него што е можно поскоро и ќе си го вратев мојот стар Range Rover.


Ова се најдобрите автомобили за 2021 година:

1. Toyota Yaris GR

Омилениот автомобил на Кларксон минатата година има одличен сооднос сила-тежина (261 КС / 1280 кг): „Овој автомобил ме насмеа до солзи. Едно утро направив катастрофален хаос со него пред куќата, но не ми беше грижа. Беше тоа како оргија!“

2. BMW M550i xDrive

Автомобилот се издвојува со внатрешниот квалитет, технолошката опрема и неверојатната удобност. „Седиштата се совршени, како и позицијата на возење, и не мора да сте Бил Гејтс за да го користите инфозабавниот систем“.

3. Volkswagen Golf GTI

Кларксон отсекогаш бил голем љубител на најбрзиот голф, а најновата генерација не го променила тоа: „Ја сакам неговата сила и динамично однесување, но и фактот дека е подеднакво удобно во експлозивно и тивко возење. Единственото нешто што ме нервира е неговиот екран на допир во кабината“.

4. Ferrari Roma

Британскиот водител никогаш не ги криел своите симпатии кон Маранело, а моделот Roma не е исклучок: „Тоа е мој вид на автомобил и особено сум фасциниран од татнежот на моторот со повеќе од 600 коњи. Иако внатрешноста е практична, седиштата нудат премала странична поддршка, а дополнителните опции се прескапи“.

5. Volkswagen Touareg R

Единствениот SUV на списокот го воодушевил со својата моќ, удобност и теренски способности: „R“ доаѓа со цената на Volkswagen, но под лимот најчесто е направен од делови за Porsche и Bentley. Тоа е како да добивате часовник Cartier по цена од Timex.

6. Honda Civic Type-R Sportline

Type R во Sportline изведба е сè уште грд автомобил, но Кларксон вели дека уживал во внатрешноста и одличното држење на патот: „Type R е добро опремен и го има најдобриот мануелен менувач во историјата на автомобилите“.