Во Берлин постојано се обидуваат да го популаризираат овој вид на транспорт, а тоа го прават со имагинативни маркетиншки акции

Овој за кој станува збор дефинитивно е еден од најоригиналните, па така во ограничен период корисниците можат да платат 8,80 за дневен билет кој се јаде и е премачкан со масло од коноп. Сместен е во пластична кеса за да биде свеж и чист до крајот на денот…

Компанијата Berliner Verkehrsbetriebe, која управува со јавниот транспорт, истакнува дека нивното масло од коноп не содржи опојни состојки како што се THC или CBD. Тие велат дека маслото од коноп е исто толку безопасно како и сончогледот, тиквата или маслиновото масло. Тврдат дека маслото од коноп има релаксирачко дејство, но без наведените состојки што баш и не е докажано. Но, тоа не го спречило BVG на крајот да ја испрати следнава порака:

„Божиќ е најубавиот период од годината – кога не го поминувате барајќи паркинг место или купувајќи во последен момент. Доколку сакате да се возите опуштено кон Божиќ, можете да го направите тоа со нас – BVG. А за дополнителна релаксација најдовме друг лек. Поточно: тоа е навистина добра работа!