![Белото Peugeot 407 повторно во акција: Taxi 5 наскоро во кината / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/02/taxi-5.jpg)
Белото Peugeot 407 повторно во акција: Taxi 5 наскоро во кината / ВИДЕО
Дали се сеќавате на првиот дел од филмот „Taxi“ од 1998 година? Сценариото го напиша Лук Бесон, а во главната улога беше автомобилот Peugeot 406
Тоа беше првиот филм за пеколните улици, пред франшизата Fast & Furious, која изобилува со сцени од бркотници со автомобили.
Бесон е потписник на сценариото и за другите делови на франшизата, вклучувајќи го и четвртиот, кој излезе во 2007 година и во кој Peugeot 406 беше заменет со понов модел – 407.
Кога станува збор за петтиот дел, кој допрва треба да се појави на кино екраните, судејќи според трејлерот, во главната улога и понатаму ќе биде моделот 407, кој ќе мора да се извлекува од разни проблеми и смешни ситуации, бидејќи сепак станува збор за комедија.
Што се однесува до приказната во новиот петти дел, таа е концентрирана на полицаец од Марсеј, кому му е доделена задача да се справи со група на разбојници од Италија кои возат моќни модели на Ferrari.
Taxi 5 повторно е во режија на Лук Бесон, кој повторно работел и на сценариото заедно со Френк Гастамбидео кој има и улога во филмот.