Купувачите на глобално ниво и понатаму претпочитаат да изберат бела боја за бојата на нивните миленици на четири тркала

Американската компанија Axalta, еден од најголемите производители на бои во светот, објави податоци за најчесто избраната боја за автомобили во 2021 година. Белата повторно била најпопуларна со учество од 35%, што е за 3% помаку од минатата година.

Бели автомобили најчесто купувале потрошувачите во Азија, каде што нивниот удел изнесувал големи 45% (во Кина дури 50%)! Слично е и во Африка каде белите возила сочинуваат 43% од вкупниот број продадени единици, додека во Европа ситуацијата е сосема поинаква каде секој четврти испорачан автомобил (23%) бил во оваа боја.

Втората најчесто избирана боја за возилата била црна… Црната има глобален удел од 19% (+4%). Црните модели често се купувале во Кина и Европа (22%), додека најретко во Индија, каде што нивниот удел бил само 3%.

Следна на листата е сивата боја со удел од 19%, нешто помал резултат од црната. Сивите автомобили биле најпопуларни на Стариот континент (27%), додека во Азија тој процент е само 13%.

Сината боја имала удел од 8% на светскиот пазар на нови возила, а особено добро котирала во Европа со 11% од вкупниот број на испорачани примероци. Учеството на црвената боја е 5%, беж/кафена 3%, додека зелената и жолтата се на минимум со само 1% удел…