AWS DeepRacer е автономен тркачки модел на автомобил, кој служи за учење на програмирање на подрачјето на машинско учење

Програмери, ентузијасти и сите оние кои ги интересира машинско учење и би сакале да се испробаат во него, наскоро ќе имаат шанса да програмираат сопствен автономен автомобил. Но, нема да биде вистински патнички автомобил, туку тркачки модел наречен AWS DeepRacer, кој доаѓа од Amazon. Се работи за технолошки напредно тркачко возило, кое ги има сите потребни камери и сензори за да може автономно да се движи по тркачката патека.

 

За движење на овој мал болид задолжена е технологијата на вештачка интелигенција и машинско учење, која е во состојба да учи од зададените ситуации и да им се прилагодува. Иако изгледа како автомобилче на далечинско управување, AWS DeepRacer е способен да вози и без надзор. Основна задача му е да го научи изгледот на патеката и низ обидите и грешките да проба да ја совлада во што е можно пократок период.

Хардверски гледано, овој модел е опремен со Intel Atom процесор, 1080p камера, батерии за возење и изведување на софтверска поддршка и Wi-Fi модул. На купувачите подоцна им останува да го програмираат, “подучуваат” на возење и да му ги унапредуваат алгоритмите за совладување на патеката. Истиот процес на програмирање, подоцна можат да го искористат и во реалниот живот, ако одлучат да се занимаваат со вистински автономни автомобили.

Сите заинтересирани можат за својот AWS DeepRacer да се регистрираат уште сега по цена од 249 долари во склоп на системот на преднарачки. Кога следната година ќе тргне во продажба, овој автономен тркачки модел ќе чини 400 долари.

Извор: USB.mk