Автомобилското богатство на шеикот: Погледнете ги некои од најдобрите колекции на автомобили од Блискиот Исток / ВИДЕО
Првата колекција во видеото му припаѓа на Хамад бин Хамдан Ал Нахјан, познат и како „Rainbow Sheikh“
Постојат навистина извонредни колекции на приватни автомобили на Блискиот Исток, а популарниот YouTuber effspot неодамна посетил некои од најинтригантните.
Првата колекција во видеото му припаѓа на Хамад бин Хамдан Ал Нахјан, познат и како „Rainbow Sheikh“, за кој се вели дека вреди над 20 милијарди долари и е сопственик на една од најинтригантните колекции на автомобили во светот.
Едно од возилата на Шеикот прикажано на видеото е познатиот Dodge Power Wagon кој е 64 пати поголем од стандардниот модел.
Сепак, шеикот не поседува само големи автомобили. Имено, тој е голем љубител на Mercedes-Benz, а поседува и многу класични модели од S-Class, од кои многу се модифицирани со виножито и златни акценти. Тука е низата на модели 500 SEL завршени во сина, портокалова, црвена, жолта, розова и зелена боја.
Втората претставена колекција е SBH Auto Gallery лоцирана во Абу Даби. Станува збор за прилично позната колекција која се состои од низа модерни суперавтомобили и хиперавтомобили, вклучувајќи ги Bugatti Veyron Super Sport World Record Car, Ferrari Enzo, LaFerrari, Maserati MC12, Ferrari Sergio, Lamborghini Reventon, McLaren P1, Mercedes-Benz SLR Stirling Moss , Ferrari Monza SP1, Mercedes-Benz SL 65 AMG Black Series, Bugatti EB 110 S, Ferrari 599 XX, Mercedes-Benz CLK GTR Roadster.
Другата половина од видеото е главно забележување автомобили на бројните паркиралишта во Обединетите Арапски Емирати.
Вреди да се погледне…