Автомобилски гуми кои произведуваат електрична енергија
Новата технологија на јапонскиот концерн наскоро треба да влезе во производство
Јапонската компанија Sumitomo развила нова технологија за „паметни гуми“ кои произведуваат електрична енергија додека се вртат. Ова овозможува дополнителна моќност на електронските системи на автомобилот.
Според креаторите на технологијата, во внатрешноста на гумата е поставен уред, кој во компанијата го нарекуваат „колектор на енергија“. Кога возилото се движи, овој уред статичкиот електрицитет го претвора во енергија при било каква деформација на гумата.
Количината на собраната енергија не е доволна за полнење на батеријата, дури ни за напојување на оптиката, но е сосема доволна за напојување и подршка на работата на различни сензори – на пример, оние кои го следат притисокот во гумите.
Технологијата развиена од јапонската компанија и професорот од Катедрата за машинство на Универзитетот Кансаи – Хироши Тане. Благодарение на поддршката на јапонскиот центар за наука и технологија, Sumitomo ќе продолжи да ги развива „паметните гуми“ за истите наскоро да може да влезат во сериско производство.