Гаражата во која е сместена една автомобилска колекција е исто толку важна колку и она што е во неа

За повеќето од нас, гаражата е практичен простор. Простор за автомобил или можеби уште два-три, можеби неколку велосипеди, плакарчиња за алат, сет за градината…. За оние со сериозни количини на пари во џебовите и на неколку сметки, гаражата е изложбен салон за складирање на вредни автомобили, нивно одржување и детализирање.

Ова се неколку од многуте такви примери.

Две спални, една кујна, 16 автомобили

Кога оваа куќа била изградена, јасно е дека сопственикот имал некои други приоритети. Оваа гаража за 16 автомобили има две спални, две бањи, кујна, сала за вежбање и сето тоа разделено со лизгачки стаклен ѕид. Самата гаража има посебно дизајниран таван и две влезно-излезни точки, од кои едната е хидрауличен лифт со големина на автомобил.

Соба со лифт во Токио

Во Токио нема премногу простор, но ако сте богати, секако дека можете да искористите некој трик за да го максимизирате вашиот простор и, уште поважно, да ги чувате вашите автомобили. Во овој случај, тука е лифтот со кој се подига оној автомобил кој сопственикот ќе избере да го покажува во дневната соба.

Гаража како изложбен салон со многу стакло

Mulholland Drive е совршено место за автомобилските ентузијасти, а Џек Корвин, прв човек на компанијата Huntington Holding, има совршена куќа со совршена гаража.

Гаража и гостинска куќа

Станува збор за самостојна гаража во која е сместена колекција на автомобили која меѓу другите вклучува и автомобили како Bugatti Veyron, Maserati MC12, Ferrari F430 Spyder и Ford GT. Меѓутоа, гаражата покрај нејзината основна функција, дизајнирана е и како простор каде може да се одржуваат домашни забави и да се сместат гости надвор од градот. Систем од ѕидови од махагони, под од порцелан, подземен простор, пентхаус… Сето тоа поврзано со скриен лифт.

Гаражата на специјализиран дизајнер на гаражи

Ова е гаражата на сопственикот на Vault – дизајнерска компанија специјализирана за гаражи. Воедно истата е прогласена за Best Custom Built Home во Америка за 2010 година од страна на Националната асоцијација на градежници.

LA Authenticity

Длабоко на територијата на Лос Анџелес е гаража исполнета исклучиво со модели на Porsche и во сопственост на Англичанец кој своето богатство во Америка го изградил од нула и сега го живее својот сон. Магнус Вокер е чист Porsche ентузијаст и автомобилите повеќе ги гледа од перспектива на уметност. Неговата гаража е стар магацин претворен во студио украсено со стари постери и сувенири.

Гаража со поглед

Што да се каже повеќе од фантастичен начин да се смести едно Ferrari.

Автомобилска библиотека

Ако некогаш сте посакале гаража која вклучува подови од порцелан со ѕидови од црешово дрво, кабинет за алат и полици за библиотеки со скали, тогаш некој веќе ве претекнал. Вистинска „машка пештера“.

Автомобилско бегство

Овој жител на Колорадо потрошил многу кеш нешто што само еден опсесивен ентузијаст би сакал. Автоматизирана галерија контролирана од еден систем изграден за двокатна зграда. На највисоко ниво е изложбениот салон опкружен со ѕидови од стакло во кои автомобилите се носат со неколку лифтови.

Гаража за еден автомобил од соништата

Гаражата на овој човек, Џек Олсен има само еден автомобил, и тоа оној кој самиот го модифицирал – Porsche 911 од 1972 година. Едноставна и функционална гаража комплетно изградена од рацете на овој човек.

Повеќе гаража отколку куќа

Некаде на Флорида, извесна Натали Адамс претворила складиште во гаража за да ја смести својата колекција на јапонски автомобили. Потребни и биле пет години за да пронајде совршен простор за комбинирање на нејзиниот дом со  страста за јапонски автомобили. Дури 60% е гаражен простор, но таа, како што вели, размислува да ја направи кујната помала за да може да смести повеќе автомобили. Замислете врата од вашата спална која ве води директно до вашиот миленик на четири тркала…