Германскиот производител на авто делови ZF дизајнирал безбедносни воздушни перничиња кои се надувуваат надвор од патничкото возило и тврди дека нивниот производ е подготвен да се појави на пазарот

Воздушните перничиња своевремено донесоа вистинска револуција во областа на безбедноста на патниците, но последниве години фокусот на производителите на автомобили е фокусиран на електронските системи за асистенција на возачот.

Германскиот ZF, пак, во меѓу време има работено на развој на нов систем на воздушни перничиња, кој и официјално е претставен на симпозиумот Airbag 2018, во Манхајм во ноември.

Овој иновативен концепт е развиен првенствено со цел во иднина да се заштитат патниците во самоуправувачките возила, бидејќи воведувањето на технологиите за автономно возеење најверојатно ќе доведе и до промена на моменталната конфигурација на седиштата во патничките автомобили.

Според оваа идеја, конвенционалните странични воздушни перничиња се пренесуваат од внатрешноста на патничкиот простор на надворешната страна на возилото – во праговите на автомобилот, а со нивното активирање се покрива целата должина на возилото помеѓу оските.

Системот делува така што сензорите поставени по должината на автомобилот детектираат неизбежен судир и во интервал помал од 100 милисекунди го активираат системот на надворешни воздушни перничиња.

ZF по направените тестови проценува дека овој тип на воздушни перници и до 30 отсто го намалува ризикот од пробивање на туѓо тело (како дел од друго возило) во патничката кабина на автомобилот, додека ризикот од повреда на патниците е намален за 20-30%.

Германскиот производител дека пецијално за овој систем развил нови радарски сензори, камери и LIDAR сензори кои заедно, треба да „одлучат“ дали судирот е неминовен и дали треба да се активира системот.

Од ZF најавуваат дека целиот систем ќе го понудат на производителите на автомобили, а со цел да се намалат трошоците, сензорите мора да играат повеќе улоги, на пример, како дел од системот за помош за одржување на возилото лентата на движење и слично.

Директорот на компанијата, Уве Клас, очекува првите автомобили со надворешни воздушни перничиња на патиштата да стигнат во наредните две години.