Автомобили со „ледена глазура“: Како изгледа пратка на возила доставени до Владивосток со брод? / ВИДЕО
Не е невообичаено автомобилите да бидат оштетени при обидите за одмрзнување …
Барем во Скопје, некако како да подзабораваме на тоа што е вистинска зима, што не значи дека така е насекаде во светот. Еден пример е далечниот исток на Русија, односно брод кој пристигнал во пристаништето во Владивосток. Тој превезувал автомобили, а ниската температура и брановите се одговорни за „ледената глазура“ на превезуваните нови возила.
Откако за време на транзитот се соочиле со екстремни временски услови, автомобилите до најголемото руско пристаниште во Тихиот Океан пристигнале обвиткани си мраз. За овој ефект се одговорни ниската температура и високите бранови, односно водата.
Во случајов станува збор за бродот Сан Рио кој превезувал јапонски автомобили од марките Honda и Toyota. Ова се случува често, а во обид да ги одмрзнат автомобилите, морнарите користат стари добри методи како што се реагенси и хидранти за пожар, сè до чекан. Не е невообичаено автомобилите да се оштетат при обидите за одмрзнување.