Многу автомобилски компании планираат да воведат сензори кои ќе служат за следење на виталните животни функции додека возите

На одделот при Универзитетот во Јужна Калифорнија, чиј фокус е работа на дигиталното здравје и иновативност, експертите ги истражуваат придобивките и ризиците што ги предизвикува воведувањето на следниот чекор во дизајнот и технологијата на автомобилите.

Обидете се на момент да не го гледате автомобилот како возило … и да го замислите повеќе како мобилен уред … Поврзан со лицето зад воланот … и вашата околина.

„Оваа технологија може да се користи за откривање на квалитетот на воздухот, работата на срцето, фокусот“, вели Џо Перез од Универзитетот во Јужна Калифорнија за „Гласот на Америка“.

Предности

Со вградените биометриски сензори и технологијата на вештачка интелигенција, автомобилот може да го поттикне возачот на многу поздрав модел на однесување.

„Замислете дека се возите дома, навигацијата ви дава сигнал за да свртите во теретана или, на пример, да го внесете McDonald во пребарувањето, а системот ве насочува кон поздрава опција“, објаснува Сохел Мерчант од компанијата Evelozcity.

Сензорите за следење на здравјето на корисникот се наоѓаат во многу концептни автомобили на традиционалните производители и стартап компании.

Биометриските податоци, исто така, може да бидат сочувани за да се контролира здравјето на возачите, додава Џо Перес од Универзитетот во Јужна Калифорнија.

„Тоа е во контраст со сегашната практика на посета на доктор само кога сте болни. Всушност, вие сте во можност да се соберте податоци за одреден период, кој ќе ви даде подобра слика во севкупната состојба. Идејата е да се има шанса овие податоци да се соберат во реално време, а би се зачувувале во онлајн сервис, за потоа таму и да се анализираат“.

Ризици

Сепак, постои загриженост дека информациите може да бидат злоупотребени од осигурителните и здравствените компании, како и хакери, за што експертите велат дека е од клучно значење.

„Сега кога автомобилите имаат пристап до интернет, безжичната и Bluetooth технологија и можност за телефонски разговори, се отвора нов простор за напаѓачите, а остатокот од програмскиот код, наменет за управување на автомобилот не е целосно дизајниран за соодветно да одговори“, вели Пит Морган од компанијата Clever Security.

Експертите за безбедност веќе имаат докажано дека автомобилите можат да бидат хакирани, што во голема мера се должи на фактот дека современите автомобили се управувани од помали компјутерски системи.

„Можам со сигурност да кажам дека не постои неранлив автомобилски систем“, додава Морган.

Експертите за безбедност ги предупредуваат компаниите кои се борат за престиж во областа на биосензорите да не ја потценуваат безбедноста кога станува збор за личните информации.