Тајната на минијатурниот McMurtry Speirling кој ги собори сите рекорди во Goodwood е совршеното лежење на подлогата

Минатиот викенд, малиот McMurtry Speirling автомобил го „украде“ најголемото внимание на спектакуларниот „Фестивал на брзината“ во Гудвуд. Дека зад симпатичната надворешност се крие вистинско чудовиште, автомобилот го докажа со своите возења на легендарната брдска трка во Гудвуд каде ги собори сите рекорди и официјални и неофицијални.

Поранешниот возач на Formula 1 и Indycar, Макс Чилтон, патеката ја извозе за само 39,08 секунди. Претходно на тренингот го собори рекордот, а во саботата го постави второто време на сите времиња во Гудвуд и покажа исклучителна брзина, но и сигурност и постојаност.

McMurtry Speirling на кратката патека конкуренцијата ја остави зад себе за повеќе од шест секунди и ги декласифицира автомобилите како Ford SuperVan со 2000 КС, тркачкиот Porsche 718 со електричен погон и околу 1000 KS, победничкиот Jaguar XJR12D од 24 часа Le Mans и бруталниот Subaru GL Family Huckster на Тревис Пастрајн.

Во овој луд автомобил, Макс Чилтон го собори и официјалниот рекорд на трката од 39,90 секунди поставен во 2019 година од Ромен Думас со Volkswagen I.D. R., автомобилот кој го освои и Pikes Peak. McMurtry Speirling исто така беше побрз од McLaren-Mercedes MP4/13 Formula 1 управуван од Ник Хајдфелд во 1999 година (41,60 секунди). Поради овој рекорд, организаторите на Гудвуд решија да им забранат на Formula 1 болидите да учествуваат на натпреварувањето бидејќи сметаа дека се премногу опасни поради нивната брзина. Сега малиот британски производител очигледно нашол начин да биде побрз и од Formula 1 и од големите корпорации зад чии проекти стојат стотици милиони евра.

Тајната на McMurtry Speirling е совршенaта позиција во однос на површината. Како Formula 1 болидот Brabham BT46 кој беше забранет кон крајот на 1970-тите користи огромен вентилатор кој го вшмукува воздухот од под болидот. Но, експертите на McMurtry значително го подобриле тој принцип, така што автомобилот генерира повеќе од 2.000 килограми потисок. Така автомобилот едноставно е залепен за земја и може да ги „брка“ свиоците со незамисливи брзини. Моќта на Speirling е тајна, но откриено е дека развива околу 1.000 КС на тон моќност.

Autocar известува дека директорот на компанијата Томас Јејтс, потврдил дека се работи на развој на друмска верзија која ќе понуди слично лудо забрзување, но и предупреди дека идните клиенти не треба да очекуваат удобна суспензија. Ќе се произведат само неколку автомобили, а цената би требало да биде околу 1,16 милиони евра.

Моделот на патиштата треба да го задржи истиот сооднос сила-тежина, да има два електромотори поставени назад и батерија од 60 kWh што би овозможило домет до 483 километри. Димензиите би биле слични на автомобилот од Гудвуд кој е минијатурен едносед долг 3,5 метри, широк 1,7 метри и висок 1,1 метар. Не е познато како McMurtry ќе го реши проблемот со вентилаторот зад автомобилот кој исфрла огромна количина прашина и камчиња кои ги исцицува од патот, но сигурно е дека патниот Speirling би бил еден од најлудите и најзабавни автомобили на сите времиња.