Автомеханичарска работилница од иднината
Компјутерски генерираниот приказ има за цел да привлече нови луѓе во оваа гранка од индустријата
Група индустриски експерти ги здружиле силите за да создадат своја визија за автомобилски сервис на иднината, откако истражувањето покажало дека шест од десет луѓе веруваат дека автомобилската механика не е „за нив“.
Една студија на осигурителната куќа Direct Line, која вклучила повеќе од 2.000 Британци, открива дека 59% од луѓето би отфрлиле можност да работат во автомобилска работилница, додека само една четвртина (26%) ќе размислат за прифаќање на договор. Исто така, според истражувањето, постои проблем и вп однос на диверзитетот, бидејќи само 19% од жените би прифатиле таква работа, но затоа пак жените немаат проблем да учествуваат во управувачките структури.
Со цел да ја направи работата во автомеханичарски сервис попривлечна за пошироката публика, DIrect Line на помош повикал голем број индустриски експерти за да покажат како ќе изгледаат сервисите во иднината. Соработувајќи со истражувачите во областа на безбедноста од Thatcham Research и иноваторите од DG Cities и Women’s Engineering Society, осигурителната компанија направила листа на идни иновации, а потоа ги имплементирала во рамки на уметничка визија, како оваа рабта би можела да изгледа во 2050 година.
Како што може да се види од приложените слики, експертите предвидуваат употреба на холограмска технологија, како и проширена реалност, потоа напредна роботика која работи на автомобилите како и печатење на 3D компоненти за да се заштеди време и пари. Се очекува и употреба на ласери за заварување, додека автомобилите ќе можат автономно да вршат дијагностика и самите да ги откриваат грешките во себе.