Авиокомпанија со најдобра услуга во светот според оценките на патниците
Најголемата меѓународна асоцијација за воздухопловство која се занимава со проценка на задоволството на патниците во воздухопловството (APEX) ја додели една од најголемите награди во воздухопловството
Награда за авиокомпанија со најдобра услуга во светот според оцени на патниците за 2022 година (2022 APEX World Class Award) е за холандската авиокомпанија KLM.
Станува збор за награда која претставува највисока категорија во наградите на APEX во воздухопловната индустрија, а ги оценува достигнувањата на авиокомпаниите во следните области: безбедност, заштита на здравјето на летот и одржлив бизнис.
Од почетокот на пандемијата со коронавирус, многу сфери на животот се променија, па денес патниците ја ставаат безбедноста, здравствената заштита за време на летот, како и прашањето за одржливо летање во прв план. APEX, здружение специјализирано за искуство во авијациското патување, секоја година ја доделува наградата од светска класа врз основа на сеопфатни податоци собрани од самите патници. Покрај здравствената заштита и одржливоста на патувањето, се оценува и услугата, удобноста, услугите за време на летот, како и професионалноста на вработените во текот на летот.
„Почестени сме што го добивме ова важно признание од патниците. Во текот на последните две години, направивме се што е во наша моќ за да ги превеземе нашите патници што е можно побезбедно и поудобно, но притоа почитувајќи ги принципите на одржливо патување. Она што ја прави оваа награда посебна е тоа што нашите патници ја препознаа и наградија нашата работа. Сосема е оправдано што патниците очекуваат да летаме што поодржливо, а ќе се трудиме да ги исполниме нивните очекувања и во иднина. Оваа награда, пред сè, е големо признание за сите наши вработени, кои продолжуваат да работат со голема посветеност и во овие тешки времиња“, вели Бут Крекен, извршен потпретседател за искуство во патувањето во KLM.
APEX има 482 членки: водечки светски авиокомпании, авио сојузи, аеродроми, добавувачи во авио индустријата и лизинг компании. Покрај KLM, APEX награди им додели и на Singapore Airlines, Japan Airlines, Emirates, Саудиска Арабија, Qatar Airways и Turkish Airlines.