Audi размислува да влезе во сегментот на пикапи?! Некој го замислил Q6 Pickup како брат на Ford Ranger
Theottle користел панели од Audi Q6 SUV моделот наменет само за Кина
Веќе се знае дека Audi размислува да влезе во сегментот на пикапи, но допрва треба да се наиде на било какви знаци за претстојниот концепт. Иако германската марка не дава никакви индиции, независниот дигитален уметник Theottle го замислил пикап камионетот Audi Q6 со внатрешно согорување користејќи го Ford Ranger како основа.
Ford Ranger не е случајно одбран пик-ап од еден тон, бидејќи својата основа ја дели со VW Amarok. Затоа, се претпоставува дека Audi, да сака ќе добие пристап до архитектурата на Ford.
За надворешноста, Theottle користел каросериски панели од Audi Q6 SUV моделот наменет само за Кина, кој својата премиера ја имаше минатиот месец врз основа на VW Atlas. Atlas е најновиот пример на дизајнерската понуда на Audi за неелектрични возила, а неговите спортски, но робусни карактеристики го прават совршена почетна точка за пикап.
Како што е истакнато во видеото, дигиталниот уметник ги направил сите потребни прилагодувања на Q6 за да го направи компатибилен со платформата за пикап. Делови од Ford Ranger и VW Amarok останале непроменети, што се гледа од пропорциите и заедничкиот застаклен простор. Сепак, површинските и стилските карактеристики се наследени од Q6, вклучувајќи мускулести предни и задни браници, големи доводи на браниците, решетка со една рамка и светлосни единици со целосна ширина со фенси LED графика.
Со оглед на тоа што VW Amarok веќе е позициониран како врвен пикап, барем во неговите топ верзии, Audi со исти пропорции може да звучи премногу застарено. Ова е причината зошто се верува дека Audi ќе го таргетира сегментот на електрични пикап камионети, сегмент во кој доминира Cybertruck на Tesla. Меѓутоа, ако пикапот Audi Q6 треба да заживее, треба да донесе премиум и со технологија исполнета внатрешност и моќен мотор.