Audi Activesphere Concept: елегантен купе-кросовер кој се претвора во пикап / ФОТО+ВИДЕО
Некои од неговите карактеристики најверојатно ќе се најдат во идните електрични возила на брендот, да се надеваме не во далечна иднина
По Skysphere гранд-турерот со две врати, седанот предводни Grandsphere и миниванот Urbansphere, дизајнерите на Audi на Activesphere му дале возвишена позиција на купе со четири врати. Тоа е EV еквивалент на идниот A5 Sportback со третман Allroad. Аеродинамична, скоро едноволуменска силуета неконвенционално е комбинирана со сет од 22-инчни бандажи со гуми (285/55R22), додека тенкото и мускулесто тело има многу заштитни облоги.
Моделот има големи стаклени површини со проѕирни површини на „singleframe“ решетката. Што е уште поважно, задното стакло се лизга преку покривот, откривајќи го товарниот простор и претворајќи го Activesphere во пикап.
Од Audi велат дека во задниот дел може да собере два електрични велосипеди и друга спортска опрема, додека на покривот има интегрирани носачи за скии.
Од останатите високотехнолошки карактеристики тука се LED осветлувачките единици на двата краја, камери кои ги заменуваат ретровизорите и алуминиумски тркала со шест краци со дупки што се отвораат и затвораат. Благодарение на адаптивната воздушна суспензија, растојанието од земјата е променливо.
Стандардната висина од 208 mm, која е слична на онаа на Q5, може да се зголеми на огромни 248 mm во off-road режим или да се намали на 168 mm за возење по асфалт, со подобрување на управувањето и аеродинамиката.
Внатрешниот дизајн на Activesphere е подеднакво импресивен како и надворешноста во однос на новите функции. Двете големи врати и недостатокот на Б-столбови овозможуваат лесен пристап до кабината со четири седишта.
Четирите индивидуални седишта изгледаат како лежалки со интегрирани потпирачи за раце и потпирачи за глава. Тука се и „лебдечката“ контролна табла без никакви екрани, која функционира како голема звучна трака, и вентилацискиот отвор.
Во режим на автономно возење, целата структура на контролната табла се ротира и целосно исчезнува заедно со воланот и педалите, отворајќи го просторот пред возачот и совозачот и обезбедувајќи одличен поглед на патот напред преку проѕирната решетка.
Централниот тунел помеѓу патниците има проѕирен капак кој нуди загреан или ладен склад за храна или пијалоци.
Најинтересната технолошка карактеристика, сепак, е на покривот на концептот – четири индивидуални слушалки за „мешана реалност“ кои изгледаат како стилски парови на очила.
Тие им овозможуваат на сите патници пристап до нов свет на можности кога станува збор за интеракција човек-машина без потреба од екрани или физички контроли. Новиот систем се нарекува Audi dimensions и може лесно и интуитивно да се пристапи со едноставно носење на слушалките.
Секој корисник може да пристапи до функциите на инфозабавниот систем преку интеракција со 3D графика на допир, гестови или движења на очите. Интересно е што секое мени/функција се прикажува блиску до точките на интерес – контролите за климатизација лебдат покрај отворите за климатизација, музичкото мени лебди до звучниците итн.
Концептот е опремен со два електромотори кои произведуваат комбинирана моќност од 442 КС (325 kW) и вртежен момент од 720 Nm. Батеријата од 800 V поставена помеѓу оските има капацитет од 100 kWh и нуди опсег на возење од над 600 km.
Уште поважно, поддржува стапки на полнење до 270 kW, што значи дека може да се полни од 5 до 80% за помалку од 24 минути со компатибилен ултра брз полнач.
Како и со претходните концепти Sphere, Audi Activesphere не се очекува директно да еволуира во сериско возило. Сепак, некои од неговите карактеристики најверојатно ќе го најдат својот пат во идните електрични возила, се надеваме не во далечна иднина.
Audi ќе ги претстави своите први модели засновани на PPE оваа година, постепено проширувајќи ја својата гама пред да стане производител на целосно електрични возила до 2033 година.