Rolls Royce Phantom Extended Wheelbase е дефиниција за луксуз на 4 тркала и автомобил со вистински апартман и максимална приватност

Доволно е името Rolls Royce за сите да знаеме дека станува збор за автомобил кој повеќето „обични“ смртници никогаш нема да бидат во можност да си го дозволат. И покрај тоа што со задовоство би се провозиле во новиот луксузен Phantom, веројатно во него ќе уживаат само преку слики, бидејќи почетната цена на возилото е 400 илјади евра.

Од Rolls Royce велат дека Phantom претставува дефиниција за луксуз, а особено се истакнува луксузот на приватноста што е исклучително важно за голем број на нивни клиенти. Затоа, во моделот Phantom Extended Wheelbase претставуваат нешто посебно – вистински мал апартман во кој патниците кои седат на задните седишта имаат целосна приватност. Ова е ниво на приватност и луксуз со кои другите луксузни (и скапи) автомобили не можат да се споредат, велат од оваа компанија.

Меѓу предната и задната страна на автомобилот има стакло кое со притискање на специјалното копче веднаш станува непроѕирно. Исто така, од Rolls Royce ја истакнуваат совршената изолација на звук со која се гарантира дека се што ќе се каже на задното седиште – останува само на задните седишта, така што никој од предните седишта не може да прислушкува. Треба да се спомене и одличната изолација од бучавата на моторот.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Со возачот и лицето на другото предно седиште се комуницира преку домофон систем контролиран од задниот дел на возилото, и само од тој дел може да се отвори посебен прозорец преку кој на возачот може да му се дадат документи и други работи.