Со прашок или пена, апаратите за гаснење пожар секогаш трена да бидат сместени на безбедно и лесно достапно место

Во продавниците за дополнителна опрема за автомобили ќе најдете разни модели на противпожарни апарати. Најдобри апарати за гаснење пожар се оние од два килограми, кои можат лесно и добро да се сместат во багажниот простор или, на пример, под предните седишта или странично кај нозете на совозачот… Како и да е, апаратот за гаснење пожар треба да е во согласност со европскиот стандард DIN EN 3 и отпорен на мраз, а без двоумење треба да се следат и упатствата на производителот кога станува збор за инсталацијата.

Содржината и количината на полнење се клучни за успешно гасење на евентуален пожар, па така на пример некои спрееви за гаснење достапни на пазарот тешко дека ќе бидат соодветни за гаснење пожари во возила, бидејќи нивната содржина е премала, а притисокот недоволен.

Повеќето противпожарни апарати работат со АВС прашок кој ги опфаќа сите три класи на пожари: цврсти материи, течности и пожари во кои е запалено гориво. Од друга страна, апаратите со пена се погодни само за А и В класи на пожари. Апаратите со прав имаат значително повисоки перформанси за гаснење со иста количина на полнење.

При гаснење на пожар, пред се е важна правилна тактика на гаснење. Треба да се обидете да се борите со пожарот со кратки рафали, бидејќи во спротивно, апаратот со прав од два килограми се испразнува по само дванаесет секунди.

Единствениот недостаток на апаратите со прав односно АВС прашокот е многу тешкото чистење на испрсканите површини. Имено, кога ќе го издувате прашокот, тој се вовлекува во секоја пукнатина од каде тешко се отстранува. Бидејќи може да предизвика корозија на дел од моторот, тие делови треба добро да се исплакнат.

Од друга страна, апаратите за гаснење со пена генерално не предизвикуваат последователни штети, но не може да се користат во пожари во кои гори бензин или нафта. Недостаток на апаратите со пена, покрај тоа што не ги гаснат сите видови на пожари е и послабиот пристисок, а пред се повисоката набавна цена.

Еднаш купените апаратите за гаснење пожар може да се користат повеќе од десет години доколку се сервисираат редовно, обично на две години. 

Без разлика дали станува збор за апарати за гаснење со прав или пена, обете варијанти се погодни и за возилата со класични мотори и за електричните автомобили. Запирањето на ширењето на огнот е секогаш клучен фактор. Започнатиот пожар на електрични инсталации можно е да се обидете да го изгаснете и со конвенционални апарати за гаснење пожар, а ако пламенот се распламти, апаратите за гаснење од два килограми веќе и не се од некоја корист.