Тешките времиња бараат тешки мерки, но зад нив стојат и последици…

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека бензинот Е15 ќе биде одобрен за употреба во текот на летото 2022 година – во обид да се спречи поскапувањето на горивата. Тешките времиња бараат тешки мерки, но зад нив стојат и последици. Заштедите за потрошувачите на гориво веројатно ќе бидат мали (околу 10 центи по галон) во споредба со можната огромна штета што овие биогорива би можеле да ја предизвикаат врз животната средина.

Етанолот од Е15 се добива главно од пченка, а процентуално е приближно 10,5 до 15 проценти во мешавината со бензин, според Министерството за енергетика на САД (DOE). Обично не е достапен во лето бидејќи при високи температури се спојува со смогот. Автомобилските горива со висока содржина на етанол можат да ослободат дополнителна пареа, која пак е во интеракција со сончевата светлина и го зголемува нивото на озон на ниво на земјата, истакнува Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА). Во мали количини, озонот ја иритира слузокожата на очите, грлото, носот и респираторниот тракт и има влијание врз здравјето на луѓето.

Значи, овој тип биогорива имаат и негативна страна, но може да бидат и краткорочни инструменти против високите цени на руската нафта. Проблемот е што само 1,5 отсто од бензинските пумпи во Америка поддржуваат ваков тип на гориво, па останува да се види колку ќе биде досегот на оваа мерка.

Овој потег на американската администрација нема да и се допадне на нафтената индустрија во Америка бидејќи ќе ја намали употребата на горивото што го произведува…